Леток на Околискиот комитет на КПМ Кичево
до македонското и албанското селско население во Кичевско[1]


Напишано: јули 1944 година
Извор: „Леток на Околискиот комитет на КПМ Кичево до македонското и албанското селско население во Кичевско за пружање отпор на окупаторот и повик за стапување во единиците на НОВ и ПОМ“ во Институт за национална историја, Конференција за општествена активност на жените на Македонија, „Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата 1941-1945“, Скопје, 1976, 653-654 стр.
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: ноември 2024


СМРТ НА ФАШИЗМОТ
СЛОБОДА НА НАРОДОТ
СЕЛАНИ И СЕЛАНКИ!

Македонци и Албанци во Кичево!

Жетвата стаса, стаса това које со голем труд и мака, голи и боси сте го обработувале, а на гнасниот окупатор и на неговите платени агенти Мефаил,[2] Абиџ, Шабан Мустафа Ејуп и многу други такви арамији и пљачкаши како на гладните вуци им се отворија очите кога ги видоа нашите нивје, да оти почнале да жнејат.

На кого му се припаѓа това жито? Дали треба да им го давате, ако сакате да нашите деца и фамилии не гладуваат. Зар вие сте положиле толку труд и мака и сте пролеле толку работничка пот по нашите нивје, а тије арамији, седејќи без мака сакат да ви го пљачкосуваат.

Ниедно зрно жито на крвавиот окупатор и неговите пљачкаши и измеќари. Ниедно зрно жито немојте да дадете на тие готовани а арамији, на тије разни спајији и сејмени и други готовани. Зар знајте, со секоје давање со секоје помагање окупаторот и неговите слуги вије сте против сами себе си и против денешната Народно-Ослободилачка борба.

МАКЕДОНЦИ И АЛБАНЦИ!

Погледајте околу себе и убо отворете очите па ќе видите колку је денешната пљачка и арамилуци, од окупаторите, неговите слуги, па ќе видите да и једниот и другиот ве пљачкаат, земат, ќе видите за кого работите: један је истиот грабач, германскиот фашизам преку неговите платени агенти. Не дозволувајте да вашите фамилии го гладуваат това што сега со мака и пот го заработиле, а разни готовани разни спаји со седење и без мака да се богатат од вашите маки и вашата пот, да се богатат! Разбудете се! Доста веќ спавања! Ступајте во борба против такви и секоји и секоје друго пљачкање. Ступајте смело во Народно ослободилачката војска и партизанските одреди на Македонија и нејзините албански јединици и удрите со безбројни сили до потполно уништување на фашизмот и неговите слуги. Прекинете со това ропство и срам што ви го наметна Германскиот фашизам и неговите слуги! Ступајте смело и без чекање во Народно-ослободилачката војска и партизанските одреди на Македонија и во нејзините Албански јединици како от сите страни бије осветничката рака од намачениот народ! Зар секоје потакашно чекање значи да му го продолжаваме сксаниот живот на крвавиот непријател! Значи трпење и натака ова робство и ова мачење.

Напред браќо Македонци и Албанци до потполно уништување на фашизмот и неговите слуги и потполно ослобоѓење на нашите два братски напатени народи.

Се за фронтот, се за победа!

Да је живо братството и борбеното единство на Македонскиот и Албанскиот народ.

Да е живо братството на македонските и албанските селани и селанки!

Да е жива народно-ослободилачка војска и партизанските одреди на Македонија.

Да се живи нејните Албански јединици!

Да је жива слободна Македонија во слободна Демократска и федеративна Југославија!

Да је жива Комунистичката Партија на Македонија, заштитникот на својте народи од секоје пљачкање и зулум!

Долу разните спаилаци и арамилуци!

Смрт на Германскиот окупатор и неговите измеќари!

јули 1944 г.

КИЧЕВСКИ СРЕСКИ КОМИТЕТ

Комунистичка Партија на Македонија

(Прочитај и дај го на другите да читаат)


Забелешки на редакцијата на изданието

[1] АМ – Скопје, к. 25, инв. бр. 1465. Оригинал, шапирограф, на македонски јазик.

[2] Шеху Зајази, водач на албанска балистичка чета.